x

Apple го купува Shazam за 400 милиони долари

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Декември, 2017 од GSM.mk

По шпекулациите, Apple официјално потврди дека ја купува британската компанија Shazam, која ја знаеме по истоимениот сервис за препознавање на музика.

Иако Apple не го откри износот кој ќе го плати за преземање на Shazam, TechCrunch известува дека вредноста на аквизицијата изнесува околу 400 милиони долари.

Изворите велат дека Apple бил во преговори со Shazam во изминатите пет месеци, а заинтресирани за аквизицвијата биле и Snapchat и Spotify.

Останува да видиме какви се плановите на Apple со купувањето на Shazam.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.