x

Apple го објави iOS 10.1, iPhone 7 Plus го добива Portrait модот

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 26 Октомври, 2016 од GSM.mk

Apple ја објави првата надградба на оперативниот систем iOS 10, која носи неколку подобрувања и елиминира некои од баговите. Надградбата е достапна за iPhone 5 и поновите модели, iPad од 4-тата генерација и поновите, како и iPod touch од 6-тата генерација.

Сепак, најинтересната новина е достапна само за iPhone 7 Plus, а се однесува на Portrait модот за камерата. Со оваа функција, се постигнува заматување на позадината, сличен како оној што го создаваат посериозните DSLR фото апарати.

Опцијата Portrait беше претставена уште во септември, но беше недостапна се до најновата iOS 10.1 надградба која беше објавена вчера.

Додека сериозните фотоапарати ги користат објективите и големиот отвор на блендата за да постигнат заматување на позадината, iPhone 7 Plus ги користи двете камери и соодвениот софтвер.

Модот ќе биде достапен само на 7 Plus верзијата на смартфонот бидејќи ги користи двете камери за да го постигне ефектот. Сепак, надграбата со отстранетите багови ќе биде достапна на сите модели од iPhone 7, па се до iPhone 5.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.