x

Apple го зголемува производството на iPhone X и iPhone 8 Plus поради големата побарувачка

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Ноември, 2017 од GSM.mk

Изгледа дека побарувачката за iPhone X и iPhone 8 Plus е поголема од очекувано, поради што компанијата реши да го зголеми нивното производство..

До крајот на годината, Apple ќе продаде најмалку 26 милиони iPhone X единици. Apple аналитичарот Ming-Chi Kuo вели дека компанијата планира да го зголеми производството на уредот од 35% на 45% повеќе од она во досегашните три месеци.

Kuo смета дека има две причини за ваквото зголемување. Првата, нормално, е големата побарувачка за iPhone X. Втората пак, е зголемената побарувачка за iPhone 8 Plus. Додека производството на iPhone X и iPhone 8 Plus се очекува да се зголеми, од октомври до декември се очекува производството на iPhone 8 да се намали за 50 до 60%. За да се избалансираат побарувачката и понудата, аналитичарот смета дека оние кои сакале да го купат iPhone 8, ќе преминат на iPhone X или iPhone 8 Plus.

Досега, Apple има продадено 11.8 милиони iPhone 8 и 8 Plus единици, од кои 6.3 милиони се iPhone 8 Plus, а 5.5 милиони се iPhone 8 уреди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.