x

Apple и Samsung потпишаа договор од 9 милијарди за OLED екрани!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Април, 2017 од GSM.mk

Спремете се за ново партнерство помеѓу Apple и Samusng!

Cupertino го одбра Samsung како својот производител на OLED панели за најавениот, iPhone модел, по повод десетгодишнината од неговото постоење. Samsung потроши околу 9 милијарди за производството на ваквите екрани, а Apple нарача околу 70 милиони уреди кои ќе доаѓаат со ваков дисплеј. 

Ако овие бројки се точни, тоа значи дека 40% од телефоните ќе доаѓаат со OLED дисплеј, според редовното производство на Apple од 200 милиони уреди. Компанијата очекува да ги надмине сите рекорди со продажбата на iPhone 8, и да продаде околу 100 милиони уреди од септември до крајот на годината.

Изгледа дека навистина ќе добиеме револуционерен телефон :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.