x

Apple: iOS и iPadOS 13.2.3 официјално достапни!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 20 Ноември, 2019 од GSM.mk

Apple официјално ги претстави iOS 13.2.3 и iPadOS 13.2.3 кои решаваат неколку важни проблеми кај iPhone и iPad уредите..

Update-тот се појави откако голем дел iPhone корисници почнаа да се жалат дека уредот сам ги затвора апликациите кои работат во позадина. iOS 13.2.3 елиминираше и проблем кој не дозволуваше слики, фајлови или било какви други линкови да се појават во Messenger апликацијата. Истотака, решен е и проблем кој не дозволуваше системско пребарување и пребарување во апликации како Mail, Files и Notes. 

За инсталирање одете во Settings > General > Software update. Истотото важи и за iPad корисниците. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.