x

Apple iPhone 9, Xs и Xs Plus: Очекувани спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Декември, 2017 од GSM.mk

Дали Apple ќе донесе нови промени со новата генерација iPhone модели или пак ќе станува збор за минимални промени? Ова се очекуваните спецификации за Apple iPhone 9, Xs и Xs Plus:

Сега за сега, се зборува дека Apple ќе претстави 3 нови смартфони следната година, чии димензии ќе бидат 5.8, 6.1 и 6.4 инчи. Истотака, покрај iPhone Xs, најверојатно ќе добиеме и поголема верзија, позната како iPhone Xs Plus, за љубителите на големите екрани. Овие два модели ќе бидат изработени од стакло, додека поевтиниот iPhone 9  ќе има метално тело. Наместо OLED, ќе станува збор за LCD панели.

This excerpt from a famed Apple analyst's presentation is the 2018 iPhone tell-all

За iPhone моделите за 2018 година, очекуваме Apple A12, како и поголема меморија, од 512GB, без промени во RAM меморијата. За камерите сеуште нема никакви информации, но најверојатно поевтиниот ќе доаѓа со дуален систем камери ист како на iPhone 8 Plus, додека iPhone Xs и Xs Plus ќе доаѓаат со подобрувања.

Најевитниот, iPhone 9 (или 8s), со метално тело и LCD панел, ќе чини околу 649-749 долари во Америка. Apple се очекува да започне со пониска цена за Xs моделот од онаа на овогодинешниот iPhone X, околу 800 долари за обичната верзија. Xs Plus, кој ќе доаѓа со 6.4 инчен OLED панел, ќе чини околу 1000 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.