x

Apple iPhone SE 2: Стаклен дизајн и безжично полнење

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јануари, 2018 од GSM.mk

Според новите информации, Apple iPhone SE 2, следбеникот на iPhone SE, ќе доаѓа со интересни нови функции..

Следбеникот на iPhone SE ќе доаѓа со стаклен дизајн на задната страна, кој ќе овозможи безжично полнење за уредот. Ваквите промени ќе дозволат новиот, поевтин, модел да се придружи на трите iPhone единици од 2017 година, кои доаѓаат со стаклен дизајн и безжично полнење.


These back panels are allegedly for the iPhone SE 2 and are listed as being made from glass in the document behind them

На кинеската страна Weibo се појавија фотографии на кои наводно се забележуваат неколку iPhone SE 2 уреди и дел од неговите спецификации. iPhone SE 2 ќе доаѓа со 4.2 инчен дисплеј, A10 Fusion и батерија од 1700mAh. Ќе бидат достапни две варијанти - едната ќе содржи 32GB меморија и 2GB RAM, а другата ќе доаѓа со 128GB меморија и 2GB RAM. Камерите ќе бидат од 12 и 5 мегапиксели. 

Цената на iPhone SE 2 ќе биде околу 400 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.