x

Apple iPhone SE (2018): Новите фотографии откриваат поголеми камери и нов дизајн

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Мај, 2018 од GSM.mk

Според новите фотографии, Apple iPhone SE (2018) ќе доаѓа со неколку интересни карактеристики и нов дизајн..

Новите фотографии откриваат дека Apple iPhone SE (2018) најверојатно ќе вклучува edge-to-edge дисплеј со дизајн како iPhone X и Face ID. Бидејќи првата генерација од телефонот, претставена во 2016 година, имаше ретро изглед, ваквите промени се дефинитивно добредојдени. Големото прашање е дали iPhone SE навистина ќе изгледа како на фотографиите.

Цената на маските на сликата е 8 долари, и е достапна во сина, виолетова, црна и проѕирна варијанта. Нејзината претрподажба е веќе започната. Една од најзначајните карактеристики кои ги откриваат фотографиите е задниот дел од телефонот, каде се наоѓа една камера со блиц. iPhone SE (2018) ќе има стаклен дизајн и поголема задна камера од онаа на неговиот претходник. 

Новиот iPhone најверојатно ќе биде најевтиниот смартфон кој ќе го претстави Apple оваа година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.