x

Apple iPhone SE (2018) пристигнува во септември!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Мај, 2018 од GSM.mk

Деновиве добиваме се повеќе информации за ненајавениот уред на Apple, iPhone SE (2018). Овој пат, станува збор за датумот на неговото претставување..

Бидејќи Apple сеуште го нема започнато производството на iPhone SE (2018), тоа значи дека уредот го очекуваме најрано во вториот период од годината. Наводно, компанијата сеуште нема одлучено дали да додаде TrueDepth камера на смартфонот, edge-to-edge дисплеј и Face ID. Можеби ќе се одлучи да го задржи истиот дизајн како оној на оригиналниот iPhone SE. Друга одлука за која Apple сеуште размислува е 6 инчен екран. Со кој карактеристики и да се реши компанијата, iPhone SE (2018) очекуваме да има стаклен дизајн и да поддржува безжично полнење. 

Покрај него, Apple планира да претстави уште два нови iPhone модели, од кои едниот ќе биде следбеник на iPhone X со 5.8 инчен дисплеј, и Plus верзија од iPhone X, со 6.5 инчен дисплеј.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.