x

Apple iPhone уредите имаат проблем по новиот iOS 11.2.2 update

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 13 Јануари, 2018 од GSM.mk

Apple корисниците започнаа да забележуваат проблеми по симнување на iOS 12.2.2 update-тот...

Update-тот е достапен за сите iPhone, iPad и iPod уреди. За жал, доаѓа со неколку проблеми. Корисниците забележале дека по снимање на iOS 12.2.2 нивните уреди започнале да успоруваат и да кочат.

За да види какви последици ќе има на неговиот iPhone 6 уред, корисник, познат како, Melvin Mughal направил бенчмарк тестирање на телефонот пред и по update-тот. Последиците биле 41% послаби резултати на single-core тестирањето по инсталирањето на новиот оперативен систем. Multi-core резултатите опаднале за 39%. Според Melvin, дел од лошите резултати се веројатно поради вештачкото успорување, кое Apple призна дека го предизвикува кај постарите iPhone уреди. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.