x

Apple ја брка конкуренцијата: Додаде „нова“ опција на Maps

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 17 Февруари, 2021 од GSM.mk

Apple воведува извештаи за несреќи, опасности и контрола на брзината на Apple Maps, слично на Google и Waze.

Функцијата во моментов е достапна само за корисниците со iOS 14.5 beta и е слична на функциите за најавување што ги имаат Waze и Google Maps, пишува PC Press.

Кога ја користите функцијата, вие (или по можност совозачот) можете да го притиснете новото копче Report и да изберете тип на инцидент или опасност што ја пријавувате. Можете дури да го сторите тоа со Сири ако кажете „тука има контрола на брзината“ или „има нешто на патот“. MacRumors покажува дека интерфејсот е достапен и во верзијата CarPlay Maps. Оваа функција за известување ориентирана кон корисникот сега е нешто што сите главни апликации за мапи го имаат или го развиваат.

Иако оваа опција ја популаризираше Waze, таа е достапна на Google Maps од април 2019 година, така што Apple всушност се обидува да ја стигне конкуренцијата (како што се обидува да додаде слики генерирани од корисниците на Maps).

Сепак, вреди да се напомене дека верзијата на Apple има многу помалку опции - таа на Google е многу поопширна. Што се однесува до верзијата на Apple, ќе додадеме една чудна работа што нема никаква врска со фактот дека опцијата е во бета фаза - иконите за несреќа и контрола на брзината на Apple и Google изгледаат многу слично.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.