x

Apple ќе го претстави најевтиниот iPad досега во 2018 година

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 04 Декември, 2017 од GSM.mk

Во март 2017 година, Apple изненади кога го претстави 9.7 инчниот iPad модел по прилично ниска цена. Според новите информации, компанијата планира да претстави уште поевтин модел следната година..

Според Digitimes, најверојатно ќе видиме нов 9.7 инчен модел во втората половина од 2018 година. Најевтината iPad верзија ќе биде околу 259 долари. Доколку информациите се точни, тоа значи дека новиот модел ќе биде 70 долари поевтин од сегашната верзија на iPad. 

Се разбира, станува збор само за шпекулации и Apple ги нема официјално потврдено ваквите информации, но пониската цена може да ги привлече корисниците кои не планираат да фрлаат многу пари на таблети. Во изјавата, изворите сметаат дека пониските цена ќе ја зголемат конкуренцијата меѓу Apple и главните ривали - Samsung, Amazon, Huawei и Lenovo.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.