x

Apple ќе избрише 200 000 апликации со iOS 11!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 16 Март, 2017 од GSM.mk

Со следниот голем update, Apple ќе избрише 187000 апликации од App Store!

Со нивното бришење, ќе исчезнат 8% од сите апликации во App Store. Ваквата драстична промена е поради фактот што Tim Cook & Co. ќе ги избрише 32-bit апликации и при нивното палење ќе се појавува порака која ќе ве извести дека не се компатабилни со новиот оперативен систем. Инаку, 64 битните процесори прв пат беа претставени од Cupertino со iPhone 5s.

Apple could wipe out nearly 200,000 apps from its App Store with iOS 11

Сепак, сеуште не знаеме што ќе се случи се додека Cupertino не го најави iOS 11 на WWDC во јуни. Иако новиот update е одлична шанса да се избришат 32 битните апликации, останува до Apple да ја донесе конечната одлука. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.