x

Apple ќе мора да и исплати 13 милијарди евра на Ирска

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Декември, 2017 од GSM.mk

Ирската влада постигна договор со Apple за почеток на исплатата на 13 милијарди евра кои технолошкиот гигант ќе мора да ѝ ги исплати на европската држава.

Европската комисија одлучи дека Apple треба да ја исплати оваа сума бидејќи треба да ги подмири сметките со неисплатени даноци.

Во август 2016 година Европската комисија пресуди дека технолошките компании како што е Apple не исплаќале доволна сума од данокот, бидејќи успеале да најдат дупка во законот. Сега, ЕУ одлучи дека таквата постапка треба да се смета како незаконска, па им нареди на Apple да исплати сума од 13 милијарди евра кои се заостанат данок.

„Постигнавме договор со Apple за исплата на 13 милијарди евра, кои ќе ни бидат исплатени поради недоразбирање помеѓу Apple и законикот на ЕУ“, изјави Паскал Донохи, министер за финансии на Ирска.

Apple плаќал далеку помалку даноци од останатите бизниси, што им давало голема предност и им овозможувало поголема заработка на пазарот во Ирска.

„Очекуваме првата рата да ни биде исплатена до средината на наредната година“, додаде Донохи.

Но, Ирската влада досега не поведе никаква иницијатива за земање на преостанатиот дел од данокот, бидејќи се плаши дека ќе ги избрка глобалните компании од земјата. Ирска го изгради својот економски успех со тоа што постави многу ниски даноци за мултинационалните компании, и тие ја гледаат токму оваа земја како шанса за голема заработка и сигурна инвестиција.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.