x

Apple ќе плати 113 милиони долари за намерно забавување на старите телефони

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 21 Ноември, 2020 од GSM.mk

Apple ќе им исплати 113 милиони долари согласно спогодбата со оштетените корисници, поради обвинувањата дека намерно ги забавила постарите модели на iPhone.

Милиони луѓе од дури 33 држави во САД биле погодени од овој проблем и тие тврдат дека компанијата Apple го сторила тоа намерно, со цел да ги принуди корисниците постојано да купуваат нови уреди.

Apple одби да ги коментира ваквите обвинувања, но во претходните соопштенија стоеше дека телефоните работат побавно за да го продолжат траењето на батеријата. Целиот овој настан, наречен „Batterygate“, се случи во 2016 година и ги опфати уредите iPhone 6, iPhone 7 и iPhone SE, кои потоа беа ажурирани и забавени.

Покрај оваа спогодба, има уште една од март, кога Apple се согласи да плати 500 милиони долари во колективна постапка.

Компанијата од Купертино призна дека телефоните во тоа време забавувале, но негираше дека тоа го сториле за финансиска корист. Сепак, во тужбата се вели и дека Apple сигурно знаела дека бавното работење на постарите уреди ќе има влијание врз продажбата на новите.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.