x

Apple му забрани на Facebook да инсталира апликации на iPhone

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Јануари, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека два од најголемите гиганти од светот на технологијата влегуваа во „војна“ поради тоа што застапуваат различни вредности. Apple денеска ги блокираше интерните апликации на Facebook од нивните iPhone модели.

Забраната за инсталирање на апликациите на Facebook значи дека компанијата нема да може да тестира необјавени верзии на Instagram, WhatsApp, Facebook Messenger и други јавни апликации, а притоа како дел од блокадата се забранува и интерниот софтвер на Facebook.

Оваа забрана доаѓа откако се дозна дека Facebook им плаќал на деца и возрасни корисници за да ги следи сите активности на нивните телефони, вклучувајќи ја нивната историја на пребрарување, приватните пораки и моменталната физичка локација. Луѓето кои учествувале во оваа програма на Facebook добивале по 20 долари месечно за да ја предадат контролата над нивните уреди на компанијата. Од Facebook велат дека шемата била наменета за да се подобрат производите на компанијата.

Собирањето податоци на тој начин е забрането кај апликациите кои се достапни во App Store на Apple. За да ја заобиколи таа рестрикција, Facebook употреби посебен исклучок од правилата кој е дел од програмата на Apple, која им дозволи да ги направат нивните апликации достапни за уредите на Apple, но надвор од App Store.

Facebook веќе најави дека ќе престане со праксата на плаќање корисници за да ги користи нивните информации, но само за корисниците на Apple, не и за оние кои користат смартфони со Android оперативен систем. На почетокот компанијата се обиде да ги негира гласините, а потоа призна дека го употребувал тој начин на „купување податоци“, со тоа што претставници на Facebook изјавија дека тоа не е целосната верзија на приказната.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.