x

Apple: На 5 јуни ќе ја претстават иднината на iOS и macOS

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 17 Февруари, 2017 од GSM.mk

Конференцијата за развојните програмери на Apple ќе се одржи на 5 јуни, а компанијата тогаш ќе ги претстави новите верзии на iOS, macOS, како и новите верзи на watchOS и tvOS.

Apple не открива многу детали за тоа што ќе биде прикажано на настанот, но посочи дка технологијата и уметноста мора да се комбинираат за да напредува светот.

Настанот оваа година ќе се одржи во МекЕнери Центарот во Сан Хозе, бидејќи вообичаениот Москоне Центар во Сан Франциско се реновира.

Влезниците ќе се нудат преку лотарија бидејќи минатите години се распродаваа за помалку од две минути, пишува The Verge.

Делови од конференцијата ќе бидат достапни и преку live-stream, а за широката публика најинтересен ќе биде првиот дел кога се соопштуваат детали за новите производи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.