x

Apple најави намалување на цената на iPhone со цел да се зголеми продажбата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 31 Јануари, 2019 од GSM.mk

За да го реши новонастанатиот проблем со батериите, директорот на Apple, Тим Кук, најави дека компанијата ќе ги намали цените на iPhone моделите.

Приходите од продажбата на iPhone го сочинуваат најголемиот дел од вкупниот приход на Apple, а во последниот финансиски квартал тие опаднаа за 15%.

Вкупниот приход на Apple е за 5% помал во однос на минатата година и сега изнесува приближно 84,3 милијарди долари. Овој пад беше очекуван и пред неколку месеци технолошкиот гигант најави дека нивните очекувања за претходниот квартал се движат околу 84-85 милиони долари заработка.

Компанијата дел од овие проблеми ги гледа во забавувањето на кинеската економија, но Тим Кук рече и дека купувачите имаат проблем со високите цени на уредите. Тој додаде дека растот на доларот ги покачи цените во останатите земји и тоа негативно влијае на продажбата на iPhone.

Кук рече и дека Apple ги менува цените на нивните смартфони за да ги заштити корисниците од флуктуации на валутата. Apple предвидува дека во тримесечието до 31 март ќе заработи помеѓу 55 и 59 милијарди долари, што би значело пад од најмалку 3,9% во однос на минатата година.

Финансиските проблеми не се појавија само кај Apple, туку и кај другите производители, бидејќи глобалната испорака на смартфони е намалена за 5%.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.