x

Apple отстрани популарна апликација за комуникација од AppStore!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 24 Декември, 2019 од GSM.mk

Apple отстрани апликација од AppStore поради безбедносни причини..

Apple ја отстрани апликацијата ToTok од AppStore откако се појавија информации дека е користена за алатка за шпионирање од страна на Обединетите Арапски Емирати. 

Интересно е што само претходната недела апликацијата беше прогласена како една од најсимнуваните социјални апликации во Америка. Само неколку дена подоцна беше откриено дека ToTok споделува персонални информации на владата на Обединетите Арапски Емирати. 

Популарноста на апликацијата првично започнала во ОАЕ, каде другите апликации за комуникација биле забранети, но подоцна се појавила и на други места, како Америка. 

Истовремено и Apple и Google ја отстранија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.