x

Apple Pencil: Камера, биометриски сензор, микрофон и повеќе!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2020 од GSM.mk

Apple патентираше ново Apple Pencil пенкало. Еве со што ќе доаѓа и како ќе изгледа:

Во патентот, Apple сподели дека "сензорот на допир ќе може да детектира еден, два или три допири, заедно со било каков друг гест од корисникот". Еден или повеќе допири може да бидат толкувани како барање од корисникот да се промени карактеристика (боја, големина, ширина, форма и слично.)

Истотака, пенкалото ќе има и скенер за отпечатоци со цел да може да се потврдат информации за Apple Pay или AppStore. Се зборува дека пенкалото ќе доаѓа и со камера и микрофон.

Apple filed a new patent application for the Apple Pencil - Patent for Apple Pencil includes an embedded camera, biometric sensor, mike, and gesture controls


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.