x

Apple планира да продаде 95 милиони iPhone единици во 2017 година!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Април, 2017 од GSM.mk

DigiTimes, еден од најпознатите извори на новости во светот на технологијата, сподели интересни вести за Apple:

Компанијата наводно планира да продаде 230 милиони iPhone единици. Бидејќи се појавија гласини дека веќе има нарачано 95 милиони OLED екрани од Samsung, се очекува тие да бидат продадени само до крајот на годината. 

Сеуште не се знае дали OLED екраните се само за моделот кој се припрема за десетгодишнината, или ќе ги има и во iPhone 7s, кој би требало да се појави до септември. Т.н iPhone 8 ќе чини околу 900-1000 долари, додека пак iPhone 7s и 7s Plus ќе чинат 650 и 750 долари. Минатата година, Apple продаде 78.3 милиони iPhone 7 единици, така што плановите на компанијата за следниот модел и не се така невозможни.

Што мислите вие?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.