x

Apple работи на iPhone кој се превиткува

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Ноември, 2017 од GSM.mk

Американскиот технолошки гигант Apple сака да го врати во мода телефонот на преклоп, но на начин на кој не ни претпоставувавме досега.

Компанијата поднесе апликација за патент за екран кој може да се превиткува, а некои извори шпекулираат дека токму тоа ќе биде следната иновација за новото издание на iPhone.

Патентот, кој беше објавен од Канцеларијата за патенти на САД, опишува истражување на полето на електронски уреди со флексибилен дисплеј кој „може да се отвора и затвора како книга“. Оваа вест многумина ја поврзаа со шпекулациите дека Apple и LG ќе се обединат во креирањето на телефон со екран на превиткување.

Во патентот не беше наведено точно за каков уред станува збор, дали е тоа лаптоп, телефон, таблет и тн.

Сепак, ова не е ветување од Apple дека тие сигурно ќе произведат телефон со екран на превиткување, ниту пак се тие единствената компанија која пробува да ја употреби оваа технологија, бидејќи и Samsung најави слични планови.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.