x

Apple работи на паметни очила со компанијата Carl Zeiss

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 14 Јануари, 2017 од GSM.mk

Технолошкиот блогер Роберт Скобл, откри дека Apple има партнерство со компанијата Carl Zeiss, врвниот германски производител на оптика, со која работат на развој на AR (проширена реалност) за идни паметни очила.

Скобл оваа информација ја објави на својот Twitter профил, а потоа на Facebook профилот додаде дека вработен во Carl Zeiss му ја потврдил оваа информација додека разговарале на CES.

Очекувањата се дека очилата кои ќе се поврзуваат со iPhone и ќе имаат опции за проширена реалност, ќе бидат претставени оваа година.

Не е познато како овој производ ќе биде позициониран во однос на конкурентските производи на Google и на Snapchat, ниту пак се знае колкава ќе биде неговата цена.

Тим Кук досега неколку пати зборуваше дека проширената реалност им е интересена идеја, а досега Apple презема неколку компании кои ја развиваат оваа технологија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.