x

Apple развива нови опции за заштита на децата од зависноста од мобилни телефони

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2018 од GSM.mk

Компанијата Apple развива нови опции за да им помогне на родителите полесно да ги контролираат нивните деца, при користење на iPhone, но и другите уреди на американскиот технолошки гигант, а се со цел за заштита од прекумерното користење на мобилни.

„Планираме да развиеме нови можности и подобрувања во иднина. Длабоко размислуваме за начинот на кој се користат нашите производи и какво влијание имаат врз корисниците. Ја преземаме оваа одговорност многу сериозно и сме посветени на очекувањата на нашите корисници, посебно кога станува збор за заштита на децата“, стои во соопштението на Apple.

Компанијата потсети и на веќе постоечката родителска заштита вградена во iOS оперативните системи, која им помага на родителите да управуваат со содржините во внатрешноста на уредите како апликации, web локации, филмови, песни или книги.

Apple пренесува дека се што децата сакаат да преземат или до што сакаат да пристапат, може да биде блокирано или ограничено.

Поединечни опции за заштита на децата, Apple ги понуди пред десет години, а наскоро на родителите ќе им биде уште полесно да ги контролираат децата при користење на мобилни.

Иако Apple веќе наводно развил нови опции, се уште не е познато кога тие официјално ќе им бидат достапни на корисниците.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.