x

Apple со 3 нови iPad Pro модели во 2017-та година?

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 20 Август, 2016 од GSM.mk

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо од компанијата KGI Securities објави нова информација, според која американскиот гигант ќе ни презентира три нови таблети идната година. Да видиме за што станува збор...

Според неговите извори внатре во Apple, компанијата ја подготвува втората генерација на 12,9 инчниот iPad Pro, новата 10,5 инчна верзија на iPad Pro и финално 9,7 инчниот iPad Pro. Се очекува дека првите два модели ќе го добијат новиот A10X процесор, додека пак најмалиот iPad ќе доаѓа со ланскиот A9X процесор.

Гледајќи уште понапред, тој предвидува дека во 2018-та година ќе видиме драстично поразлични iPad-и, кои пред се ќе поседуваат AMOLED екран, нов дизајн и поголем фокус на начинот на користење од секој потрошувач. Наводно, тие ќе бидат моделирани според iPhone-от што ќе излезе таа година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.