x

Apple: Технологијата која ќе се наоѓа во 2020 iPhone моделите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Октомври, 2019 од GSM.mk

Со претставувањето на iPhone 2019 серијата, Apple веќе ги започна подготовките за следните модели...

Обично, Apple купува помали компании и по некое време ја користи технологијата која ја произведуваат во своите модели. Добар пример за тоа е во 2012-та кога Apple ја купи AuthenTec компанијата за 356 милиони долари. Следната година, Touch ID се појави со iPhone 5S. Дури и пред тоа, во 2010-та, Apple го купи својот виртуелен асистент, Siri.

Доколку и оваа година биде така, најверојатно со следните модели ќе видиме нови Animoji и Memoji функции со iOS 14. Претпоставките се такви бидејќи Apple тукушто ја купи IKinema компанијата. Покрај останатите услуги, оваа компанија има креирано систем кој нуди комбинација на VR и AR технологија. Доколку ја посетите веб-страната на IKinema во моментот речиси не се наоѓа ништо, освен неколку YouTube видеа.

The Memoji feature could get a boost from the technology that Apple has purchased - The technology Apple purchased today will probably end up in the 2020 iPhones

Инаку, најголемата инвестиција која ја има направено Apple за технологија и компанија е во 2014-та година за Beats Music во вредност од 3 милијарди долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.