x

Apple тестира три нови iPad Pro модели!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 15 Март, 2017 од GSM.mk

Откако Apple потврди дека наскоро ќе претстави нови iPad модели, веднаш се појавија некои информации за нивните спецификации:

Според аналитичарот Ming-Chi Kuo, Apple ќе претстави три нови iPad Pro единици, кои ќе бидат подобрени верзии на сегашните модели. 10.5 инчна верзија ќе го замени 9.7 инчниот iPad Pro и ќе има потенки рамки. Таа варијанта и 12.3 инчната ќе содржат A10X CPU. 9.7 инчниот модел ќе биде најевтиниот од нив и ќе содржи A9 CPU, исто како iPhone 6s.

Во изминатиов период, на Apple таблетите, како и на сите други, популарноста им има опаднато драстично. Минатата година, Apple зараоти 5.5 милијарди приход со продавање на 13.3 милиони iPad единици, од октомври до декември. Приходот беше околу 22% помал од 2015-та година. 

Дали новите iPad модели ќе го сменат тоа, останува да видиме. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.