x

Apple Watch 2: Најдобриот паметен часовник!

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 30 Јуни, 2017 од GSM.mk

Моќен, практичен и со одлични перформанси, ова е Apple Watch 2, втората верзија од најуспешниот паметен часовник на светот и нашето мислење за него:

Apple ја поднови Smart Watch серијата на повеќе начини, правејќи го новиот часовник покорисен и попрактичен за користење од неговиот претходник. 

Позитивна страна:

  • Светол, убав екран
  • Одличен фитнес уред
  • GPS-от е една од причините поради која е попрактичен
  • Солидна и издржлива батерија
  • Одлични перформанси

Негативна страна:

  • Ист дизајн како кај неговиот претходник
Apple Watch 2 3

Дизајн

Apple Watch Series 2 изгледа речиси идентично со неговиот претходник, што можеби и не е толку лоша работа. Првиот уред во серијата беше фаворит кај голем број луѓе, благодарение на неговиот дизајн и фактот што беше потенок од неговата конкуренција. Watch 2 е малку подебел од оригиналниот, но станува збор за многу мала разлика која не би ја приметила освен ако часовниците не се еден до друг. Можете да бирате меѓу две верзии, една од нерѓосувачки челик и друга, поевтина, алуминиумска варијатна. Двете се достапни во златна, бакарна, сива, бела и сребрена боја.

Apple Watch 2 11

Apple Watch 2 47

Дисплеј

Часовникот е подобрен со нов, посветол дисплеј, на кој лесно се чита при секакви услови. Кога станува збор за димензиите, нема речиси никакви промени. Го добиваме истиот 1.65 инчен екран со 390 x 312 OLED резолуција. Уште една позитивна страна е што уредот е водоотпорен, до 50 метри под вода, што значи дека може да го користите и додека пливате :)

Перформанси

Уредот е подновен со S2 dual-core процесор во внатрешноста, комбиниран со 1GB или 512MB RAM. Од голема корист се и новите WatchOS функции. Неговите перформанси се покажаа добри за било која задача. Поголемиот број од апликациите се уклучуваат брзо, а само на дел од нив им требаше малку повеќе време.

Apple Watch 2 review

Доколку ви е потребен паметен часовник кој ќе го следи вашето трчање, пливање, спортување и спиење, Apple Watch 2 е уредот за вас.

Сите заинтересирани може да го пронајдат часовникот во Ledikom.com:

Apple Watch Sport 2 - 27790 ден

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.