x

Apple Watch може да открие доколку имате одредена срцева болест!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Мај, 2017 од GSM.mk

Apple Watch е еден од најпопуларни гаџети од овој тип. Покрај прекрасниот дизајн, уредот доаѓа со голем број функции...

Според новите тестирања, Apple Watch може да идентификува честа, но опасна болест на срцето, наречена atrial fibrillation. За тестирањето биле користени 6158 учесници, а уредот успеал да ја открие болеста во 97% од нив. 

Тестаторите сметаат дека оваа информација е од голема корист, бидејќи atrial fibrillation може да предизвика посериозни проблеми, кои може да бидат спречени со релативно евтини лекови. 

Како што тргнала работава, во иднината овие уреди не само што ќе ги откриваат болестите, туку ќе може и да ги лечат!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.