x

Apple WWDC 2019: iOS 13, Dark Mode и многу повеќе!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 26 Март, 2019 од GSM.mk

30 години од првиот WWDC, Apple најави дека овогодинешниот настан ќе се одржи помеѓу 3ти и 7ми јуни. Како и претходните години, и овој пат компанијата ќе претстави неколку нови и интересни функции...

Овогодинешниот слоган на Apple за настанот е  “Write code. Blow minds.” Главниот фокус ќе биде кон новиот оперативен систем на компанијата, iOS 13. Се зборува дека ќе бидат претставени неколку значителни промени во дизајнот, како и нови функции за iPad уредите. Една од поинтересните опции која ќе биде претставена, а корисниците ја очекуваат со нетрпение е Dark Mode.

iPhone XI running iOS 13 Dark Mode concept

На настанот, Apple ќе ја претстави својата "темна" верзија за голем дел универзални апликации. Ова ќе им помогне на iPad и iPhone сопствениците полесно да ги користат своите уреди при ниска светлина, или уште подобро, пред спиење. Од останатите софтверски подобрувања, ќе бидат претставени и нови верзии од watchOS, tvOS и macOS. 

Во однос на хардверот, нема голем број новитети олекувани од Apple на настанот. Од друга страна, голема е веројатноста да биде претставен нов 10.5 инчен iPad. Истотака, компанијата можно е да ги наајви новите AirPower и AirPods 2.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.