x

Asus ZenFone 5 Lite: Qualcomm процесор и 6 инчен дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Јануари, 2018 од GSM.mk

Претставувањето на новата ZenFone серија е поблиску од очекувано, а сега имаме и податоците за уредите кои компанијата планира да ги најави...

Првиот ZenFone 5 смартфон ќе биде претставен во март, но сеуште не се знае дали за време на MWC или на некој друг настан. Asus ZenFone 5 Lite е најверојатно уред од средната класа кој ќе доаѓа со 6 инчен дисплеј и Qualcomm процесор.

Asus ZenFone 5 Lite certification

Наводно, бројките и буквите во неговото име (ZC600KL), откриваат дел од спецификациите. Буквите “KL" го потврдуваат Qualcomm процесорот, а "60" го означува 6 инчниот дисплеј. Останува да видиме дали ќе станува збор за 18:9 сооднос. 

Повеќе информации за Asus ZenFone 5 Lite и за другите уреди очекуваме наскоро.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.