x

Asus ZenFone 6: Нови камери, Snapdragon 855 и голема батерија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Мај, 2019 од GSM.mk

Со цел да стане конкуренција на OnePlus 7 и Xiaomi Mi 9, Asus го претстави својот нов смартфон ZenFone 6. Еве што нуди:

Со модерен дизајн и солидна цена, ZenFone 6 беше претставен деновиве и ќе биде достапен и во Америка и во Европа. Доаѓа со голем, 6.4 инчен LCD дисплеј заштитен со Gorilla Glass 6 и впечатливо висок тело-дисплеј сооднос од 19.5:9. Како за споредба, Galaxy S10 Plus има тело-дисплеј сооднос од 19:9. 

Интересно е што на големиот дисплеј нема место за селфи камера. Наместо тоа, Asus најде друго решение. Наместо камера на лизгање, компанијата има вклучено две камери на задната страна кои се ротираат и истовремено може да се користат за селфиња. Во однос на нивните спецификации, главниот сензор е од 48 мегапиксели, а вториот е од 12 мегапиксели. 

Asus ZenFone 6 is official: motorized camera, Snapdragon 855, $499

Asus ZenFone 6 is official: motorized camera, Snapdragon 855, $499

Во внатрешноста се наоѓа моќниот Snapdragon 855, придружен од 6GB RAM и 64GB меморија. Доколку тоа не е доволно, постои уште една верзија со 8GB RAM и 256GB меморија. Истотака, има голема батерија од 5,000mAh.

Уредот веќе беше најавен, а официјално ќе биде достапен од 25 мај. Неговата почетна цена ќе биде 500 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.