x

Audi и Volvo ќе ставаат Android Auto системи во автомобилите

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 18 Мај, 2017 од GSM.mk

Двете големи автокомпании најавија дека идејата за Android систем за забава во автомобилите не е далеку од реалноста.

Android Auto ќе им овозможи на корисниците да користат специфични верзии на апликациите (како Мапи) во автомобилот, без да мора да го допрат мобилниот телефон.

Првите две компании што ќе ги покажат автомобилите со Android Auto се Audi и Volvo, а подлабоката интеграција значи дека сите опции ќе бидат достапни на контролната табла во автомобилот.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.