x

Австралиската полиција преку камери ги лови возачите кои користат смартфони

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Јануари, 2020 од GSM.mk

Полицијата во Австралија користи камери кои можат да препознаат кога возачите разговараат или пишуваат на телефон.

Користењето на телефони во текот на возењето е еден од посебно опасните проблеми по безбедноста на сообраќајот, а откривањето на возачите кои прават таков прекршок е многу тешко.

Владата на сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс почна со користење на првите камери кои автоматски можат да препознаат возачи кои користат телефони за разговори или пишуваат пораки. Системот користи вештачка интелигенција која е во состојба да ги препознае знаците на користење телефони од снимки на стационирани или мобилни полициски камери.

Потоа, ги предупредува операторите да ги прегледаат спорните снимки за да се намали можноста за грешка при препознавање на прекршокот.

Во текот на првите три месеци од воведување на системот, полицијата само ќе ги предупредува возачите фатени во прекршок, а потоа ќе добиваат прилично големи казни кои ќе се движат во висина од 344 австралиски долари за користење телефон во текот на возење до 457 долари за случаи откриени во училишни зони.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.