x

Автогол: Американците масовно се приклучуваат на руска апликација

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Јануари, 2021 од GSM.mk

Повеќе од половина милион Американци ја презедоа руската апликација Telegram за само четири дена, од минатата среда до неделата, по отстранувањето на апликацијата Parler.

Telegram со тоа стана втора најбарана апликација во САД, затоа што Американците бараат алтернатива за големите корпоративни социјални мрежи.

Руската социјална мрежа и сервис за безбедно испраќање пораки била преземена 545.000 пати во периодот од средата на 6 јануари до неделата на 9 јануари, трипати повеќе отколку во истиот период минатата недела, објави американската телевизија Fox News.

New York Times пишува дека следел „масовен егзодус“ на Американците кон другите социјални мрежи затоа што е потешко да се контролираат од традиционалните, како што се Facebook или Twitter, но и поради политиката на казнување на корисниците што ги водат мејнстрим социјалните мрежи.

Telegram прими 25 милиони нови корисници во последните 72 часа, изјави основачот на оваа мрежа, Павел Дуров.

Тој изјави дека 38% од новите корисници доаѓаат од Азија, 27% од Европа, 21% од Латинска Америка и 8% од Блискиот исток и Северна Африка.

URL

Fox News наведува дека Telegram профитира во голема мера затоа што корисниците масовно ја напуштаат американската апликација за пораки WhatsApp, сопственост на компанијата Facebook, поради промените во условите за користење што ја нарушуваат приватноста на корисниците.

Фактот дека многу социјални мрежи или ги суспендираа или забранија профилите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, има големо влијание врз миграцијата на корисниците.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.