x

Ажурирање „тешко“ 250 GB: Гејмерите бараат CoD да биде „полесна“

Категорија: Забава Објавено на 07 Октомври, 2020 од GSM.mk

Порано мислевме дека се системски побарувањата од 175 GB слободен простор. Сега носталгично се сеќаваме на тие времиња.

Како што забележа еден корисник на Twitter, Call of Duty постојано нѐ изненадува и ги надминува границите.

Новото ажурирање бара да имате повеќе од 250 GB слободна меморија и нема да можете да го искористите новото ажурирање на CoD: Modern Warfare, освен ако го немате на располагање целиот овој простор.

Главната причина за ова е што во CoD: Modern Warfare спаѓаат и single-player кампањата, кооперативниот режим Special Ops, но исто така и Warzone – battle royal режимот.

Ако играте преку конзола, можете да одлучите кои пакети или режими сакате да ги инсталирате, а нешто слично може да се направи преку платформата Steam. Сепак, сега тоа не е случај - battle.net ќе ви го „исцеди“ секој слободен мегабајт.

Дали играте CoD: Modern Warfare? Дали го ажуриравте?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.