x

BAFTA ги прогласи најдобрите видео игри за оваа година

Категорија: Занимливости Објавено на 15 Април, 2018 од GSM.mk

Независната британска организација BAFTA и оваа година ги одбра и ги награди најдобрите видео игри. Спротивно на очекувањата, „Hellblade“ не се закити со најголемата награда, иако според бројот на награди беше најуспешната видео игра вечерта.

Акционата авантура „Hellblade: Senua’s Sacrifice“, која се фокусира на борбата на главниот лик со психоза, освои 5 награди во доделувањето на BAFTA.

Играта, чиј главен лик е Келтски воин, ги однесе наградите за Артистичко достигнување, Најдобра британска игра и Видео игра која ги надминува границите на забавата. Покрај овие, во нејзина насока отиде и наградата за Аудио достигнување, како и онаа за Најдобар главен протагонист, која ѝ припадна на актерката Мелина Јургенс, која ја толкуваше улогата на Сенуа.

Сепак, наградата за Најдобра видео игра ѝ припадна на „What Remains of Edith Finch“, мистериозна авантура која ја раскажува приказната за семејството Финч, кое смета дека го следи клетва бидејќи сите членови на семејството веќе пет генерации наназад умираат прерано, и секогаш останува по едно живо дете кое создава свое поколение за да продолжи семејната лоза.

Наградата за најдобра семејна игра ја освои „Super Mario Odyssey“, додека наградата за најдобра оригинална содржина ѝ припадна на „Horizon Zero Dawn“. „Overwatch“ беше прогласена за видео игра која најдобро евоулирала.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.