x

Batman: Arkham Underworld е достапна за Android!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 18 Февруари, 2017 од GSM.mk

Пред неколку месеци, iPhone и iPad корисниците добија нова игра која ги врати во интересниот Batman: Arkham универзум. Конечно, играта е достапна и за Android!

Наречена Arkham Underworld, играта ве става во чевлите на најпознатиот Gotham криминалец, наместо да играте со херојот. Целта е да вработувате различни познати негативци кои потоа ќе ги праќате во тактички мисии за превземање на градот.


Добрата вест е што Batman се појавува во играта и треба да се борите со него и да го победите. Дали сте подготвени за предизвикот?

Сега, играта конечно е достапна и за Android уредите. Иако е бесплатна, има доста функции во неа кои се плаќаат. Трошете внимателно!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.