x

Баунеј: Италијански град во кој е забрането користењето на Google Maps

Категорија: Забава Објавено на 15 Јуни, 2020 од GSM.mk

Во италијанскиот град Баунеј е поставен знак на кој пишува дека користењето на апликацијата Google Maps e строго забрането.

Властите се одлучиле на овој чекор бидејќи за 2 години дури 144 лица побарале помош оти не знаеле каде се наоѓаат поради лошата навигација.

Италијанските весници пишуваат дека на некои места во Италија оваа апликација им предизвикува проблеми.

Проблемите настануваат кога туристите ќе се одлучат да ја истражат околината без претходно да направат план. Затоа властите насекаде низ градот поставиле знаци со натпис „не користете Google Maps“.

Тамошните власти ги советуваат туристите да ангажираат туристички водич. Баунеј се наоѓа на Сардинија, познат е по прекрасните песочни бели плажи кои ги посетуваат туристи од Италија, но и од целиот свет.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.