Note 9, новиот смартфон на Samsung, најверојатно нема да биде претставен пред август, но компанијата веќе го тестира уредот. Пред само неколку дена, се појавија бенчмарк резулатите на неговата Snapdragon верзија, а сега имаме доказ дека уредот постои
Станува збор за американската верзија од Note 9, со Snapdragon 845 и 6GB RAM. Новите тестирања покажуваат single-core и multi-core резултати слични како оние на Snapdragon 845 верзијата од Galaxy S9.
Како мало потсетување, Exynos 9815 верзијата постигна single-core од 5162 и multi-core од неверојатни 10,704. Од останати спецификации, очекуваме да има 6.4 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1440 x 2960 пиксели и 18.5:9 сооднос. Се зборува дека батеријата ќе биде од 4000mAh, заедно со дуален систем камери од 12 мегапиксели
Оваа верзија, постигна single-core резултат од 2411 и multi-core од 8712. Според тоа, најверојатно нема да биде значително поразличен од минатогодишниот Note 8. Но, тоа можеби и не е лоша работа, така?
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.