x

Бенчмарк резултати од Moto G6 Plus: Snapdragon 660 и многу повеќе

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Април, 2018 од GSM.mk

Новите Geekbench резултати ги откриваат спецификациите на Moto G6 Plus. Да ги погледнеме:

Пред да се појават резулатите, се веруваше дека Motorola G6 Plus ќе доаѓа со малку послабиот процесор на Qualcomm, Snapdragon 630, бидејќи минатогодишните G5 Plus и G5S Plus доаѓаа со Snapdragon 625. Благодарение на Geekbench резултатите, сега знаеме дека новите уреди ќе работат на Snapdragon 660, чиј multi-core резултат е 4123, додека single-core резултатот е 866, што е прилично слабо. Процесорот ќе биде придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. 

Motorola G6 Plus ќе го вклучува истиот стаклен дизајн кој беше претставен со Moto G5S линијата, со малку поголем екран, од 5.7 инчи, 18:9 панел и потенки рамки. На задната страна ќе има две камери, од 12 и 5 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 16 мегапиксели. 

Moto G6 Plus benchmark listing reveals Snapdragon 660 and more


Motorola G6 Plus го очекуваме на 19 април. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.