x

Бенчмарк резултати: Samsung Galaxy S9 со Exynos 9810 го засрами Snapdragon 845

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Февруари, 2018 од GSM.mk

Galaxy S9 и S9+ ќе бидат претставени за неколку недели, а веќе знаеме речиси се за уредите. Последно, се појавија и резултатите од нивните бенчмарк тестирања..

Станува збор за Galaxy S9/S9+ со Exynos 9810. Со single-core резултат од 3648 и multi-core од 8894, ги засрами резултатите на уредите кои ќе доаѓаат со Snapdragon 845. Според претходни бенчмарк тестирања, S9 и S9 Plus со Snapdragon 845 постигнаа single-core резултат од 2378 и multi-core од 8132.


Како мало потсетување, интернационалните верзии на S9 и S9 Plus ќе доаѓаат со Exynos 9810, додека во смартфоните во Америка, под хаубата ќе се наоѓа Snapdragon 845.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.