x

Бенчмаркинг резултати: Америка повторно ја доби помоќната Galaxy S10 верзија со Snapdragon 855!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Март, 2019 од GSM.mk

Благодарение на моќните Exynos процесори, Америка обично ги добиваше послабите верзии од уредите на Samsung. Но, изгледа дека работите се променија..

Судбината да добива уреди со Snapdragon процесори конечно ја покажа својата позитивна страна со Galaxy S9 - уред кој за прв пат се покажа како помоќен во Америка, наместо во Европа со својот Exynos чип.

Една година подоцна, Galaxy S10 со Snapdragon 855 повторно покажа подобар резултат од европскиот модел со Exynos 9820, а разликата беше забележлива уште при првите тестирања на 855.

This winter chart from AnTuTu was a harbinger of good things to say about Snapdragon 855

Овој пат, имаме и физичка разлика меѓу двата процесори - Snapdragon доаѓа со новата генерација 7nm чип, додека Exynos е сеуште со 8nm чип. Всушност, Snapdragon 855 беше прогласен за најбрзиот процесор кај Android телефоните, превземајќи ја титулата од Kirin 980 на Huawei која се наоѓаше во Mate 20 Pro.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.