x

Бесплатната видеоигра „Genshin Impact“ руши рекорди: Дали ја пробавте?

Категорија: Забава Објавено на 07 Октомври, 2020 од GSM.mk

Видеоиграта на miHoYo стана многу популарна за кратко време. „Genshin Impact“ оствари поголем профил од TikTok, а на платформата Twitch е популарна од „Fortnite“.

Експерти од индустријата за видеоигри сметаат дека ова е најуспешната кинеска видеоигра во историјата.

„Genshin Impact“ e open-world авантура која има заеднички елементи од анимираните цртани филмови и бајки, а ова е направено со цел да ги привлече гејмерите на сите возрасти.


Видеоиграта заработи 1,84 милиони долари на iOS платформите, а премиерата ја гледаа повеќе од 110.000 илјади гледачи на Twitch.

Видеоиграта „Genshin Impact“ е бесплатна и е достапна за PlayStation 4, Nintendo Switch, Andoid, iOS и PC, а може да ја преземете ТУКА.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.