x

Безжични слушалки на Google кои преведуваат странски јазици во реално време

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Октомври, 2017 од GSM.mk

Google синоќа претстави нови хардвери, паметни телефони, лаптоп, надградба за Google home звучниците, а најголемо внимание на присутните им привлекоа првите безжични слушалки кои имаат можност за преведување на странски јазици во реално време

Слушалките наречени Google Pixel Buds можат да се спојат со било кој Android и Google Pixel паметните телефони кои се поврзани со виртуелен гласовен асистент на Google.

Со Pixel Buds слушалките корисниците можат да се јавуваат на мобилен и да пуштаат музика, а она што е најинтересно од се, слушалките преведуваат странски јазици во реално време.

Pixel Buds имаат опција за слушање и зборување на странски јазици во поврзаност со мобилниот.

Тоа значи дека при слушање на некој говор на странски јазик, слушалките автоматски го преведуваат тој говор на јазик на кој вие ќе одберете.

Од друга страна, со помош на гласовниот асистент на Google, корисниците на овие слушалки можат и да разговараат со некого на странски јазик.

На пример, со притискање на слушалката со зборовите „дозволи ми да зборувам италијански“, корисниците ќе можат да зборуваат на англиски, додека нивниот телефон ќе му преведува италијански на нивниот соговорник.

Гласовниот асистент на Google преку слушалките ќе ги известува корисниците околу новите повици, пораки или настани од календарот.  

Google Pixel Buds слушалките поддржуваат 40 јазици, а па пазарот пристигнуваат на 22 ноември.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.