x

Бил Гејтс: Криптовалутите ги убиваат луѓето на многу директен начин

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Март, 2018 од GSM.mk

Еден од најбогатите луѓе во историјата, Бил Гејтс, ги предупреди луѓето кои инвестираат во криптовалути дека треба да бидат поодговорни, бидејќи тие самите си наштетуваат не само на себе, туку и на човештвото.

На Reddit сесијата со наслов „Ask me anything“, мултимилијардерот Бил Гејтс одговараше на прашања кои корисниците на оваа мрежа му ги поставуваа лично на него.

На едно од прашањата, кое се однесуваше на неговото мислење за криптовалутите, тој рече дека е загрижен за начинот на кој криптовалутите ги охрабруваат финансиските трансакции кои се скриени од владата.

„Најважниот дел од трговијата со криптовалути е нивната анонимност, но јас не мислам дека тоа е добра работа. Способноста на владата да пронајде шеми на перење пари и даночни затајувања е добра работа. Во моментов голем дел од криптовалутите се користат за купување дрога и оружје, што резултира со убиство на луѓе на многу директен начин. Мислам дека ризикот од криптовалутите е огромен“, рече Бил Гејтс на темата.

Иако криптовалутите звучат безопасно, сепак нивната можност да останат анонимни при трансакциите може да биде злоупотребена, посебно во свет каде купувањето недозволени работи на интернет е толку лесно и брзо.

Во поголемиот дел од откривањата на дилери на дрога и оружје тоа се должи на следење на нивните парични трансакции, а со тајноста на паричните трансакции на криптовалутите, тоа ја отежнува работата на владата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.