x

Битка на гејмерските телефони: Asus ROG Phone или Razer Phone 2?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Ноември, 2018 од GSM.mk

Чудно, но дефинитивно, гејмерските телефони се се почесто достапни на пазарот. Само во последниве месеци беа претставени два такви уреди - Razer Phone 2 и Asus ROG Phone. Прашањето е, кој е подобар?

И покрај тоа што се гејмерски телефони, Razer Phone 2 и Asus ROG Phone се значително различни. Во однос на изгледот, Razer Phone 2 доаѓа со 16:9 сооднос, додека ROG Phone има поелегантен изглед со 18:9 сооднос, како и низа додатоци. Понатаму, Razer Phone 2 има LCD дисплеј, додека ROG Phone доаѓа со OLED панел. 

Колку и да се различни, дефинитивно ја таргетираат истата група купувачи. Според најновата анкета, ROG Phone е дефинитивно фаворит меѓу корисниците. Кој е вашиот избор?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.