x

BlackBerry Key2 ќе биде претставен на 7 јуни во Њујорк

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Мај, 2018 од GSM.mk

Минатата година BlackBerry го претстави првиот телефон со Android оперативен систем, KeyOne, кој беше окарактеризиран како голем успех. Сега како негов наследник пристигнува новиот BlackBerry Key2.

Компанијата BlackBerry е во завршна фаза од производството и конечно се очекува да го претстави BlackBerry Key2, кој се очекува да се појави на 7 јуни во Њујорк.

Оригиналното име на овој телефон беше KeyTwo, но официјалната најава на Twitter профилот на Blackberry појасни дека името е всушност Key2, без празно место и со бројка наместо букви. Овој телефон ќе биде промовиран на 7 јуни во Њујорк, а цената се очекува да изнесува максимум 500 американски долари, што го потврдуваат и првичните шпекулации кои велат дека Key2 ќе чини околу 450 долари.

BlackBerry Key2 ќе има подобрени спецификации во однос на неговиот претходник, а тоа го покажуваат новиот Snapdragon 660 процесор и 6 GB RAM меморија. Тој доаѓа со Android Oreo оперативен систем, а од компанијата ветија дека уредот ќе добие нова, помоќна батерија.

Овој телефон би требало да го задржи истиот 4,5-инчен екран кој го имаше KeyOne, но и понатаму постојат тврдења дека екранот би можел да биде поголем. Покрај тоа, компанијата најави дека BlackBerry Key2 ќе има подобра камера во однос на неговиот претходник, но не сакаа да споделат повеќе детали околу тоа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.