x

Blackview BV9600 Pro и Plus: Неверојатни издржливи уреди со OLED панел и голема батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Ноември, 2018 од GSM.mk

Достапни во Pro и Plus верзија, компанијата Blackview ги претстави своите нови "неуништливи телофни". Кои се разликите меѓу нив? Да погледнеме:

Plus моделот доаѓа со скенер за отпечатоци под дисплејот и сеуште не е достапен, додека Pro верзијата има "обичен" скенер и веќе се продава. Но, што е она што ги прави Blackview BV9600 Pro/Plus едни од најиздржливите телефони на пазарот?

Најпрво, нивната сила доаѓа од самиот дизајн. Додека во последно време кај смартфоните гледаме стаклена конструкција со метална рамка, овие уреди нудат нешто поразлично. И покрај модерниот all-screen дизајн, како и iPhone X дизајн на дисплејот, телефоните доаѓаат со MIL-STD-810G сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина. Благодарение на IP68, можат да издржат до 5 метри под вода до половина час, заштитувајќи го хардверот во внатрешноста. 

Инаку, во внатрешноста се наоѓа Mediatek Helio P60, придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. На крај, сето тоа е придружено од неверојатно голема батерија со капацитет од 5580mAh. 

Како што рековме, на предната страна се наоѓа all-screen дизај со 6.2 инчен OLED панел и 19:9 сооднос. Главната камера е од 16 мегапиксели, додека селфи камерата е од 8 мегапиксели. 

Почетната цена е 370 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.