x

Blade V8: Новиот телефон на ZTE со две камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 30 Декември, 2016 од GSM.mk

ZTE, познат по своите Axon уреди, планира да се појави на CES 2017, со нов уред, Blade V8 со две камери!

Фотографиите се од Blade V8, новиот уред на ZTE. Има интересен изглед- тенок метален уред со луксузен дизајн. Home копчето е на предната страна каде се наоѓа и скенерот за отпечатоци. Иако на сликите уредот е сив, финалниот производ ќе биде достапен во неколку бои, меѓу кои е и розева варијанта.

ZTE Blade V8 ќе има 1.41.4GHz, octa-core Qualcomm Snapdragon 435 процесор со 3GB RAM и 32GB меморија. Една од камерите на задната страна ќе биде 13MP, а помошната 2MP. Благодарение на двете камери ќе може да го постигнете познатиот bokeh ефект, со кој добивате замаглени позадини на фотографиите. Како шлаг на тортата, дуалниот систем дозволува стереоскопски фотографии.

Дисплејот е 5.2 инчен (1080x1920), а селфи камерата е од 13 мегапиксели. Претходниот уред во серијата, ZTE Blade V7 беше достапен во Германија, Шпанија, Јужна Африка и Мексико, а дали новиот уред ќе биде достапен и на други места сеуште не се знае.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.